GoPro лансира нова камера за виртуелна реалност и онлајн платформа за споделување видеа

На настан организиран од Националната асоцијација на радиодифузери во Лас Вегас кој треба да се одржи неделава, GoPro ќе ја претстави новата камера за виртуелна реалност и онлајн платформа за споделување на такви видеа.

Најпрво, компанијата ќе ја претстави новата Omni VR камера, на која има шест синхронизирани камери. Шесте Hero4 камери со алуминиумска рамка која е лесна и создадена за снимање во движење, ќе можат да се купат за 4999 долари, пишува Mashable.

Компанијата ќе го претстави и GoPro VR, веб страница и бесплатна апликација, каде корисниците на Android и iOS ќе можат да ја споделуваат својата содржина снимена во виртуелна реалност.

Кон крајот на минатата година, GoPro го пушти на пазарот GoPro Odyssey, уред составен од 16 синхронизирани камери кој чини 15000 долари.

Omni ќе биде достапна за нарачување од денес, преку веб страницата на GoPro.