Google+ воведе автоматско подобрување на објавените видеа

Социјалната мрежа Google+ воведе нова функционалност, која се надградува на веќе постојната функција за подобрување на фотографиите. Станува збор за автоматско унапредување на видеоснимките во однос на светлина, контраст и на можни пречки, пренесува агенцијата Мета.

Откако ќе се закачи видеозаписот, Google+ одредува можности за поправки, кои можат да се изведат, кои подоцна се испраќаат на одобрување кај корисникот за дозвола дали да се применат.

Корисникот добива екран поделен на два дела – на едниот се гледа оригиналниот видеозапис, додека на другиот се гледа видеото со направените поправки. Корисникот избира дали ќе ги прифати измените или не.

Промените во видеоматеријал, освен на опишаниот автоматски начин, можат да се изведат и рачно. Новата опција е достапна во рамките на мрежата Google+ за Windows и Macintosh, преку Chrome.