„Google Smarty Pins“ – игра која ги тестира вашите географски познавања

Google претстави нова забавна игра оваа недела со која се тестираат географските познавања на играчите.

„Google Smarty Pins“ - игра која ги тестира вашите географски познавања
Во играта наречена „Smart pins“ играчите започнуваат со 1000 милји (или 1.609 километри – ако тие не се со седиште во САД), а потоа треба да го обележат местото со точка (игла) која кореспондира со точниот одговор на даденото прашање. Ако одговорот е неточен, милјите на играчот се намалуваат за растојанието на кое одговорот бил згрешен, објави Mashable.

Така на пример, ако одговорот на прашањето е Филаделфија, а корисникот го обележал Њујорк, „Smarty Pins”ќе бидат одземени 94 милји од вкупниот резултат. Целта е да се одговорат правилно најголеми број прашања пред бројот на милји да достигне нула. Играчите, исто така може да добијат бонус поени ако тие одговорат во првите 10 секунди, без користење на загатки.
Во„Smarty Pins”, за кој се користи Google Maps, играчите можат да зумираат и да ги лоцираат специфичните локации, вклучувајќи ги и знаменитостите. Тие можат да изберат општи прашања или да изберат од листата категории, вклучувајќи забава, спорт и игри, историја и тековни настани, уметност и култура, наука и географија, како и вклучени теми. Играта обезбедува инстант фидбек  одговор на играчот, вклучувајќи фрази, кои се поттикнување („Најдобро! Можете да не заслепите со вашите географски знаење!”) и цинизам како („Еј, па дури и на Колумбо му требаа неколку години за да го најде вистинскиот пат.”)

Google претходно објави и други игри, вклучувајќи ги Santa Maps Dive and Spell Up . Од своја страна, „Smarty Pins” е сличен на играта наречена GeoGuessr, која ги предизвикува играчите да идентификуваат Фото-URL со кликнување на нејзината локација на Google Maps.

Превод: М.К.