Google+ се подели на Photos и Streams

Компанијата Google ја подели својата социјална мрежа на „Photos“ и „Streams“ оставајќи го Google+ во недефинирана состојба со оглед на тоа дека неговата иднина останува нејасна, објави Independent.

Оваа информација ја соопшти, Bradley Horowitz без да каже што ќе се случи со Google+ или сервисот за разговори Hangouts.

Според досегашните информации, ова претставува обид на компанијата да преземе повеќе популарни и успешни услуги кои се интегрирани со Google+ како што се на пример, алатките за уредување на фотографии.

Услугата започна со работа во 2011 година, но имаше проблеми да придобие редовни корисници и беше изложена на голем потсмев. Сепак, компанијата се уште нема најава за иднината на брендот Google+.