Google сака да овозможи интернет за сите – преку балони

Loon е името на проектот на Google, преку кој технолошкиот гигант сака да обезбеди брза интернет врска со помош на балони. Тие можат да останат во воздух и до 100 дена, а нивното производство сега оди многу побрзо од претходно.

Овој проект на Google е во развој веќе неколку години, а за разлика од дроновите од замислата на Фејсбук, идејата е на недостапните места да се овозможи интернет преку балони. Проектот е тестиран над Нов Зеланд, но компанијата сака да го прошири и во многу други земји.

Балоните летаат на висина од 20 километри и користат софтвер со чија помош дознаваат каде мораат да се упатат, во зависност од струењето на воздухот. За разлика од 2013 година, балоните денеска можат да останат во стратосферата и до десетпати подолго од претходно, а многу од нив останале во воздухот и повеќе од 100 дена. Според Google, рекордот бил 130 дена. Во меѓувреме компанијата развила и автоматски систем, кој им овозможува да ги лансираат балоните многу побрзо.

„Целта на овој проект е да се донесе интернетот и до оние двајца или тројца луѓе во светот кои го немаат“, вели Mike Cassidy од Google. Тој исто така додава и дека се наближува моментот кога ќе може да се лансираат илјада балони одеднаш. Оваа услуга моментално се тестира во Австралија и Јужна Америка, а компанијата има соработка и со операторите, со цел да им овозможат LTE врска на балоните.