Google му платил милијарда долари на Apple за пребарувачот да остане на Iphone

Гугл му платил една милијарда долари на својот ривал Епл во 2014 година за да го задржи како вградена опција неговиот пребарувач на сите IOS уреди, открива Блумберг.

Транскрипт од судската процедура за копирајт тужбата против Гугл наводно содржи референца за договор помеѓу двете фирми од Силиконската долина.

Договорот вклучува Гугл да му плати на Епл процент од приходите од IOS уредите од дури 34%.

Двете компании засега не ја коментираат информацијата, пренесува BBC. Блумберг јави дека референцираниот документ исчезнал од Интернет по објавата на веста.

„Транскриптот исчезна без трага од електронските записи на судот околу 3 часот“, пишува Блумберг.

Судските документи се дел од тужбата на Oracle Corp. каде фирмата тврди дека Гугл го користи својот Јава софтвер но одбива да плати за истиот.

Компаниите за аналитика како Morgan Stanley, ја споменувале бројката од една милијарда долари во минатото, но ова е прв пат да се референцира за неа во судски документи.

Извор: BBC