Google им објави војна на лажните копчиња за „download“ и „play“

Google најави дека во иднина автоматски ќе ги блокира страниците кои имаат лажни опции за „download“ и „play“. На својот блог, компанијата напиша дека со овој потег им објавува војна на сублималните пораки и нападните реклами.

Според Google, ова се „трикови кои се обидуваат да ги измамат корисниците да направат нешто опасно“.

Луѓето секојдневно притискаат погрешни копчиња и најчесто се префрлени на страници кои бараат да се симне некој софтвер, или понуди за брза заработка. Оние кои во иднина ќе добијат заштита од Google и неговиот пребарувач Chrome, ќе ја добијат следнава порака:

Во ноември, Google официјално ги нарече рекламите дека се нападни и опасни за корисниците, во случаи кога се претвораат дека дејствуваат, наликуваат на доверлив субјект – како уредите на корисниците, или подведуваат да направат нешто што би го направиле само за доверлив субјект како споделување на лозинка или повикување на техничка поддршка.