Google го награди човекот што накратко им го презеде интернет доменот

Поранешниот вработен во Google, Sanmay Ved кој сосема случајно, на една минута стана сопственик на најмоќниот интернет домен на светот „Google.com“ е награден од компанијата. Во прегледот на Google за 2015 година, кој се однесува на наградите доделени за пронаоѓање сигурносни дупки во компанијата, беше објавено и за оваа награда.

На Ved, според соопштението ок компанијата, му биле понудени за награда 6006,13 долари. Откако инженерот по информатичка технологија одлучил парите да ги донира во добротворни цели, од Google го удвоиле износот за наградата.

Во прегледот за 2015 година Google на истражувачите за пронаоѓање сигурносни пропусти во производите и услугите на компанијата како награди им исплатил над 2 милиони долари. Нив ги добиле повеќе од 300 екперти, за над 750 откриени пропусти.