„Големите умови“ на Ајаш-Видал во Кинотека

Во склоп на францускиот филмски клуб, во Кинотека на 6 декември од 20 часот ќе биде проектиран филмот „Големите умови“ на на Оливие Ајаш-Видал.

Филмот е од 2017 година, со Дени Подалидес и Леа Дрикер.

„Франсоа Фуко е четириесетгодишен професор по книжевност во париската гимназија Анри IV. Еден специфичен след на настани го принудуваат да прифати промена на работното место во училиште на перифиријата на градот со проблематични деца. Промената го плаши, и тоа со причина“, стои во најавата за филмот.

Проекцијата на филмот е со соработка на Кинотека со Францускиот институт во Скопје.