Голема еколошка акција во Скопје, Охрид и Маврово

Ентузијасти за почиста животна средина организираат голема еколошка акција на три места – паркингот пред езерото Треска во Скопје, бензинската пумпа кај Билјанини извори во Охрид и паркингот пред ски-лифтовите во Маврово.

Акцијата е замислена во два дела, каде голем број волонтери ќе се вклучат во физичко отстранување на отпадот. Ќе се собираат отпадоци од различни локации кои се веќе мапирани, но и градежен шут и индустриски отпад со помош на државните и локални служби кои располагаат со таква механизација. Вториот дел, пак, ќе биде едукатовен,  во чии рамки ќе се направи видео во трање од 30-60 сек од познати македонски личности како Сашко Коцев, Бубо Каров, Катерина Ивановска, Кире Лазаров, Бени Шаќири и други кој ќе биде испратен до сите национални и локални радио станици.

Акцијата е закажана за 10 април (недела) во 10 часот. Организации организатори се Ајде Македонија со НатурКултур Германија, ГоуГрин Македонија, 4С Британија, Оцеан Знања Хрватска, ХЈП Грција, АВ Шпанија и ЛГФ Норвешка. Во акцијата ќе се приклучат и 50-тина странски претставници од младинската размена „Разбуди се – Превземи акција” финансиран од Ерасмус+ програмата. Проектот е подржан од Локалните самоуправи на Маврово/Ростуше, Охрид, град Скопје и Сарај.