Голема акција за вдомување домашни миленици

Под мотото „Прави добро во име на сите – луѓето, природата, животните“ , во сабота(22 јуни), Анима Мунди и Асоцијација на активисти за правата на животните (ААПЖ) организираат голема акција за вдомување миленици. Акцијата се одржува во рамките на Баскерфест, со почеток во 17 часот.

Голема акција за вдомување домашни миленици

„Секој ќе може да се вклучи, и понуди на вдомување кутре или маче, како и да дојде и одбере миленик и со тоа спаси живот. Доколку некој сака да се вклучи и волонтира, повеќе од добредојден“, велат од Анима Мунди.

Воедно ќе биде поставен едукативен штанд, каде ќе бидат изложени инфо материјали (Прирачник за одговорно чување миленици; препораки за грижа на милениците, флаери, плакати, летоци за полезноста од стерилизација и кастрација на милениците и др), а активистите на Анима Мунди и ААПЖ ќе бидат достапни за совети.

Притоа секое вдомено кутре ќе добие извод и ваучер за бесплатна вакцина и дехелминтизација, кој ќе може да го искористи во некоја од ветеринарните станици со кои соработуваме.