Голема акција за чистење на отпадот од јавните површини во Тетово

По повод Денот на планетата Земја, 22 април, во Тетово се организира голема акција за чистење од страна на волонтери и активисти од повеќе организации.

Собирот на учесниците во акцијата ќе се одржи на плоштадот Илирија со почеток во 12.45 часот, а чистењето ќе започне во 13 часот.

Организаторите најавуваат дека ќе се чисти на седум различни локации во градот.

Од 15 до 17 часот, пак, ќе има мала прослава на плоштадот Илирија.

Целта на оваа акција е да се одбележи Денот на планетата Земја во Тетово, но и dа се подигне свеста за отпадот што граѓаните го оставаат зад себе во јавните простори.