Претставата „Буре барут“ што вчера во македонскиот културен Центар во Софија беше одиграна два пати, поради големиот интерес на публиката ќе се игра и во јануари и во февруари идната година.
Претставата е правена по текстот на Дејан Дуковски , а во неа глумат македонски и бугарски студенти од НАТФИЗ-Академијата за филмска и театарска уметност – Софија како и од одделите за театар и музика од Нов бугарски Универзитет, НБУ.
Режијата е на Ана Батева и во претставата играат: Сара Мејс, Тодор Беров, Коле Китанов, Ива Христовска, Стефан Здравески, Катерина Златанова, Емануил Костадинов, Јана Грозданова, Красимир Спиридонов и Александар Бахнов.
Проектот го реализира Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија, со поддршка од македонското Министерство за култура.