Голди ќе го стопи својот медал од Редот на Британската империја како протест против затворањето на Фабрик

По најавата за затворање на најпознатиот лондонски клуб Фабрик, голем дел од електронската заедница се обидува да направи што било за да го покаже своето незадоволство поради одлуката.

Поголемиот дел на диџеи и изведувачи го изразија своето незадоволство преку социјалните мрежи, некои формираа краудфандинг кампања, додека Голди, кој се смета за легендарен продуцент и е еден од основачите на студиото Металхедз изјави дека ќе ја стопи својата награда од Редот на Британската империја и сака истото да го направат неговите колеги.

Своето мислење за затворањето на Фабрик го сподели за време на интервју за Канал 4.

„Оваа земја е изградена од различности. Се прашувам дали треба јас и Џези Б, Норман Џеј и Пит Тонг да ги замениме нашите медали, да ги стопиме и да ги ставиме во кафето на оној што ја донел оваа одлука, нема да му биде слатко и да се чувствува успешно поради убивањето на културата“, изјави Голди.

Во продолжение, може да погледнете дел од интервјуто: