Годишна изложба на учениците од основните училишта во Чифте Амам

Утре (26 април) во Чифте Амам, со почеток во 13:00 часот, ќе биде отворена Годишната изложба на учениците од основните училишта, на која што ќе бидат изложени дела на ученици од шесто до деветто одделение од сите скопски основни школи. Изложбата ќе биде поставена до 8 мај.

Овогодинешната тема на изложбата е „Пејзаж“, а делата на младите автори се изработени во повеќе техники и тоа: цртеж, фотографија, колаж, графика и темпера. Изложбата има натпреварувачки карактер, а најдобрите творби ќе бидат наградени.

Овој проект се организира по петти пат во Националната галерија Чифте Амам, а едукаторот кој го води проектот е Маја Димитрова.