Годишна изложба на студентите од насоката по индустриски дизајн

Во петок (14 јуни) во ликовната академија Сули Ан ќе се одржи годишната изложба на студентите од насоката по индустриски дизајн на Машинскиот факултет во Скопје.

Годишна изложба на студентите од насоката по Индустриски дизајн

Изложбата ќе биде отворена во 12 часот и се најавува како целодневен настан. Посетителите ќе имаат можност да одберат што ќе следат од големиот број понудени содржини.

Во рамките на изложбата ќе се одржи работилница за еко-дизајн,  ќе има проекција на филмови од областа на индустрискиот дизјан, а како главен настан е предвидена изложбата на најдобрите проекти изработени од студентите во текот на изминатата учебна година.

Вечерта, со почеток од 21 часот, па се до полноќ, гостите со ди-џеј сет ќе ги забавуваат Петар Антевски и Ивана Низамовска. Влезот е бесплатен.