Годишна изложба на студентите од ФЛУ

Факултетот за ликовни уметности во Скопје традиционално организира годишна изложба на дела на студенти од овој факултет.

Изложбата ќе се одржи вечерва, 17 мај, во Галеријата на ФЛУ, при Педагошкиот факултет.

Свеченото отворање ќе биде со почеток од 19:30 часот, а потоа ќе има посета на атељеата по сликарство, вајарство и ликовна педагогија.

Покрај ова, посетителите ќе може да ги посетат и атељеата по графика, графички дизајн, сликарски техники и сликарска технологија во Сули ан.