Годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности

Вечерва, со почеток од 19 часот, Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (објект Педагошки факултет), ќе одржи изложба на која ќе се претстават студентите при катедрите по сликарство, вајарство и ликовна педагогија.

Во рамки на овој настан, во галеријата на факултетот, ќе бидат доделени наградите за најдобар студент на генерацијата и наградата „Боркo Лазески“ за студентите од четврта година.