Годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовна уметност

Студентите од Факултетот за ликовни уметности во Скопје ја организираат нивната годишна изложба што ќе се одржи на две различни локации.

Изложбата, која е предвидена да се одржува два дена, ќе започне во вторник (17 мај), во 19:30 часот во Галерија на ФЛУ, при што свечено ќе им бидат доделени награди на студенти. Потоа е организирана посета на атељеата по сликарство, вајарство и ликовна педагогија, а вечерта е резервирана за музичкиот микс на диџеј Гоце Саф.

Во среда, пак, од 19 часот ќе се одржи посета на атељеата по графика, графички дизајн, сликарски техники и сликарска технологија во објектот Сули ан, во Скопска чаршија, а за забавата е задолжен Игор Новоградска.