Годинава помалку ученици во основно и средно образование од лани

Пад на бројот на ученици бележи државниот завод за статистика оваа учебна година, споредено со минатата.

Така,според последните податоците , на почетокот на учебната 2015/2016 година бројот на учениците во редовните основни училишта изнесувал 185.992, што претставува намалување за 3,2 отсто во однос на претходната учебна година.

Бројот на учениците во редовните средни училишта, на почетокот на учебната 2015/2016 година, изнесувал 80.295 . Споредено со претходната учебна година и овде има пад за 3,9 проценти.