Годинава доделени стипендии за 623 средношколци Роми

За оваа учебна година 623 средношколци Роми добија стипендии во рамки на проектот за стипендирање, менторство и туторство што петта година по ред го реализира Министерството за образование и наука во соработка со Ромскиот образовен фонд од Будимешта.

srednoskolci

Притоа,  412 средношколци со успех над 3,5 добија земаат стипендии од 2.200 денари, а останатите 211 средношколци кои имаат просечен успех од најмалку 3, добиваат по 1.500 денари месечно во текот на учебната година.

Како што информираа од Министерството за образование, годинава се стипендирани 102 наставници ментори кои за својот ангажман околу овие ученици добиваат надоместок од 3.000 денари за девет месеци, како и 11 наставници тутори кои за својот ангажман за месец мај ќе добијат хонорар од 3.000 денари.

Според надлежните, благодарение на ваквите проекти расте средниот успех на учениците Роми, кој од 3,56 во учебната 2010/2011 година се зголемил на 3,83 во 2012/2013 година.

Во рамки на проектот во изминатите пет години вкупно стипендирани се 2.862 средношколци Роми, ангажирани се 661 ментор и за првпат годинава 11 наставници тутори.

За реализација на овој проект во текот на оваа година се одвоени околу 6 милиони и 300 илјади денари буџетски средства.