„Go Skateboarding Day“ на 21 јуни

Скејтерите на 21 јуни (петок) од 18 часот во Сити парк (Гоце) ќе се собираат на „Go Skateboarding Day”

„Go Skateboarding Day” се толкува како ден на кој скејтерите се забавуваат, подигнувајќи свест за проблемите со кои се соочуваат.

„Да му покажеме на светот што во суштина е скејтбордингот. Да ја повратиме нашата култура со тоа што ќе го потврдиме скејтбордингот како бунтовнички креативен излив на слободарското живеење“, велат организаторите на настанот.

На настанот ќе се организираме натпревар (demo session) во две категории: до 15 години, и од 16 години нагоре.

„Go Skateboarding Day“ е поддржан од Drop In Skopje, Popcorn Skate Co., XMKD.com и Град Скопје.