Го сакам Водно: Биолозите вклучени во Студијата за Водно решија парче одржувана шума да ја тргнат од заштита?

„Затоа што некој планер решил да не почитува одлука, а другите мижат и не потегнуваат ревизија и укинување на ДУПот со години – биолозите од Студијата (за Водно) решија парче одлично одржана шума да ја тргнат од заштита? Зарем не е ова соучество во криминал? Значи, имаш шума заштитена, за која има и Одлука со строга забрана за градби!“, се вели во реакцијата на „Го сакам Водно“.

Активистите велат дека ако се отиде на терен, нема девастација, нема уништување, прекрасна височина со борова шумичка… Ама на молба од Општините, велат тие, бидејќи е испланиран ДУП баш таму со градби, а не смееле помислат на градби – таму да се тргне од заштита?

‼Затоа што некој планер решил да не почитува одлука, а другите мижат и не потегнуваат ревизија и укинување на ДУПот со…

Posted by Go Sakam Vodno / Го Сакам Водно on Tuesday, April 27, 2021

„Па ако на ваква Одлука која забранува градби, ви протнаа ДУП со испланирани куќи и уште вие го поддржувате и вадите парче шума од заштита, како бре ќе заштитите со новата одлука која ја предлагате? Одлука во која 40% од Водно може да се, гради во рамки на План? И тоа градби за домување, па и хотели… Убаво си пишавте во Студијата: оваа категорија нема цел заштита, туку однос на човекот со природата! А вие го давате првиот пример, како биолози, научници и создавачи на Студијата за Водно: извади од заштита, аминувај ДУП кој прекршил Одлука за заштита…

Навистина, во име на неколку микролокации со габи и вредни тревки, аминувате зонирање на Водно, негово узурпирање дел по дел и отварате порти на урбаната мафија и коруптувните зделки… Навистина.

И од петни сили се борите да докажете дека тоа е правиот начин да го спасиме Водно, и силно се борите против носење на Закон кој ова дивеење би го сопрел?! Знаејќи ја сета пракса на терен и сите неправди протуркани со Шпанско Село, Долно Водно… Да, соучество е… И тенденциозно е. Можете да спречите, но терате проект! Дали сте воопшто свесни дека во име на биодиверзитетот, протнувате ништење на Водно. Отварате врати. Се правите фини, а сте соучесници. Сите. Тенденциозно штитите постапка која сте ја креирале по нарачки на Општините!  А не живеете ниту на Марс, тука сте. Во Скопје. Ја знаете сета приказна со корупции, зделки, урбани чаламења, замижување во корист на профитот, заобиколување на правото. И отварате ширум врата на истото, овојпат на нашето Водно“, стои во реакцијата на „Го сакам Водно“.