„Гоу Грин“ организира симулација на Конференција за климатски промени

Тимот на „Гоу Грин“ најавува симулација на Конференција за климатски промени, која ќе се одржи на 20 февруари со почеток во 11 часот.

На симулацијата ќе бидат дадени одговори за тоа што е конференција за климатски промени, кој може да учествува на конференцијата, и како се преговара за промени и намалување на последиците од климатските промени.

На првата симулација на СОР26 во државата ќе учествуваат 20 млади амбасадори за климатски промени кои претходно биле обучени преку онлајн курсот за климатска дипломатија.

Овогодинешната СОР26, ќе се одржи во ноември, Глазгов, Обединетото Кралство, додека симулацијата ќе биде онлајн на 20 февруари, каде ќе присуствуваат и релевантни носители на одлуки од реалниот живот.

Проектот има за цел да ги едуцира младите за климатска дипломатија, да креираат младински барања за климатски промени и да ја развие свеста во земјата за важноста од амбициозни цели за Конференцијата за климатски промени на ООН (COP26). Преку обуката за климатска дипломатија, кампања за климатските промени, како и симулацијата на Конференцијата, младите луѓе како и пошироката јавност ќе се запознаат со преговарачките процеси за климатски промени, начинот на доствување младински барања, важноста од националните придонеси и самата Конференција што ќе се одржи во ноември 2021 во Глазгов, Шкотска.

За проследување на конференцијата, треба да го пополните формуларот.