Go Clean: Младински тимови ќе собираат отпадни батерии во седум општини

Седум тимови во исто толку општини започнуваат да работат на проектот проектот Go Clean во кој ќе се натпреваруваат кој ќе собере најмногу отпадни батерии за периодот  пролет-есен годинава. Главната цел на проектот е да се соберат што е можно повеќе празни батерии кои претставуваат сериозна опасност за животната средина, а потоа да се рециклираат.

Go Clean: Младински тимови ќе собираат отпадни батерии во седум општини

„Тим Кисела Вода“ е еден од тимовите формирани за делување во рамките на проектот, кој ја има одговорноста да оперира на територија на оваа општина. Како што известуваат од овој тим, членовите ќе се обидат да соберат што е можно повеќе батерии, но притоа обучувајќи многу млади луѓе преку предавања во училиштата, презентации и останати активности за да ја развијат еколошката свест до жителите на општина Кисела Вода.

Главната таргет група ќе бидат младите кои во текот на следните шест месеци ќе организираат повеќе настани за промоција на тимот и проектот Go Clean, а со тоа ширење на пораката на самата иницијатива. Ова подразбира соработка со самата општина, основните и средните училишта, бидејќи предвидено е најголемата количина на собрани батерии да потекнуваат токму од учениците во овие училишта.

„Споредните цели се поврзани со едукацијата за тоа зошто, колку и како отпадните батерии се штетни за животната средина, и тоа е она што е најважното, бидејќи е потребно поголемо внимание на овој проблем, кој правопропорционално со напредокот на технологијата станува се поголем и претставува се поголема закана за средината“, појаснува Бобан Сугаревски од „Тим Кисела Вода“.

Покрај Кисела Вода, проектот ќе се имплементира и во Ѓорче Петров, Центар, Карпош, Прилеп, Штип и Кичево. Оние кои сакаат да се приклучат ќе треба да го пополнат прашалникот за регистрација кој ќе објавен на официјалната страна на Go Green. Акцијата е отворена за сите млади кои сакаат да помогнат на било кој од седумте тима во остварување на финалната цел. Сите активисти кои би сакале да се придружат на тимот во Кисела Вода или на било кој начин да помогнат во проектот, можат да контактираат со младите активисти на e-поштата  bobansugareski@gmail.com и amilkovska@hotmail.com, како и да го следат активностите  преку блогот на овој тим .