Gmail овозможи опција „undo“ за испратен мејл

„Undo send“ е новата опција на сервисот за електронска пошта на Google, Gmail   со неа може да се врати мејлот во кој корисникот, на пример, направил грешка при пишувањето и сака да ја поправи.

Откако функцијата шест години била во тест-верзија, Google на својот блог објави дека „Undo Send“  станува официјална алатка на сервисот.

Кога функцијата беше првпат пуштена во 2009 година, „undo send“ го одложуваше праќањето на пораките за пет секунди, но сега на корисниците им е овозможено да изберат дали сакаат да го одложат праќањето на пораката за 5, 10, 20 или 30 секунди.

Сепак, опцијата во моментов не е достапна за мобилните уреди, а Google соопшти дека планира да ја овозможи и на смартфоните и таблетите, без да прецизира кога тоа ќе се случи.

Од Google засега немаат никаков коментар за причината поради која што на функцијата „undo send“ и требаше толку време за да ја помине фазата на тестирање.