Глувите лица на протест, претседателот Марков не се појави пред нив

Со транспаренти „ Бараме оставка од диктаторот Марков“, „Сакаме нов тим за глуви права“, „Стоп за заканите од претседателот“,  уште во раните утрински часови пред  Домот за хуманитарни активности „Даре Џамбаз“ продолжи протестот на глувите лица.

Глувите лица на протест,претседателот Марков не се појави пред нивБараат да се стави крај на своеволието на Васко Марков, претседателот на Националниот сојуз за глуви лица. Се жалат и на финансиски злоупотреби, но и на физички напади од негова страна.  Во отсуство на толкувачите од Сојузот, кои одбија да помогнат глувите демонстрантите своите барања да ги објаснат пред новинарите, тие се снаоѓаа со пишување по ливчиња и објаснување со раце.

„Сакаме претседателот да си оди. Воопшто не се грижи за глувите и наглуви лица во Македонија, тој мисли само на себе“, напиша Мирадија Сефери, револтирана од тоа што толкувачите останаа во „Даре Џамбаз“.

Се плашат, и ним им се заканува Марков, појаснуваат лицата што протестираа. Велат, закани има и кон останатите членови кои не смеат да излезат на протест.  Откако Марков дојде на чело, ни Сојузот не работи како што треба, се жали Џемаил Аземовски.

„Еве јас на пример, две години чекам помош од Сојузот за да го пријавам и земам надомест за третото дете. Нема бесплатна правна помош за нас, не функционира, во мојот случај сеуште ништо не е сторено“, објаснува Аземовски.

Глувите лица на протест,претседателот Марков не се појави пред нивПретседателот Марков и денеска не се појави во Сојузот. Во присуство на претставник на Хелсиншкиот комитет и во тензична атмосфера, се сретнаа со пензионираниот генерален секретар Ѓоко Грујовски и толкувачот Виолета Апостолова, но без конкретни заклучоци.

Протестот продолжува пред Даре Џамбаз. Случајот е предаден и кај Народниот правобранител. Од Хелсиншкиот комитет најавија соопштение со идните чекори во текот на денот.

Ова е втор протест на глувите и наглуви лица последните два месеци, со истите барања.