„Глупо време“ – нова песна на бендот The Reporters

Новинарскиот бенд „The Reporters“ ја објави својата нова песна „Глупо време“ во рамките на проектот за создавање „Солидарен фонд“ кој треба да обезбеди поддршка на сите новинари кои поради актуелните проблематични сосотојби во медиумската сфера се соочуваат со социјални проблеми.

Непосредно пред Нова година беше објавена и песната „Пушти глас“, а своја видео промоција доби и песната „Слобода“.

the-reportersЗа почетокот на оваа година е најавена промоција на ЦД на бендот со седум авторски композиции кое ќе биде промовирано во Скопје и во шесте регионални центри на ЗНМ.

Бендот го сочинуваат Драган Антоновски, Жарко Димитриоски на гитара, Борјан Јовановски на тапани, Петрит Сарачини, Стојан Трпчевски – вокали и Миле Бошњаковски – бас.

Реализацијата на ЦД „Слобода” на The Reporters е помогнато од Амбасадата на САД во Македонија.