„Глобално село“ во Скопје со АИЕСЕК

АИЕСЕК Скопје во среда (30 април) во трговскиот центар Скопје Сити Мол го организира настанот Global Village, кога на едно место ќе се сретнат повеќе култури и претставници од преку 20 држави.

„Global Village“ во организација на АИЕСЕК

На „глобалното село“ ќе бидат презентирани особеностите на земјите од каде доаѓаат учесниците преку брошури, музика, танц, традиционални јадења, пијалоци и облека. Целта на настанот е да се прослави разновидноста и мултикултурализмот, а младите да се запознаат со поинаквите култури и традиции и да ги почувствуваат животните стилови на другите држави.

„Тоа го оживува основното гледиште за светот како едно големо “глобално село” кое ги инспирира луѓето да ја разберат и ценат различноста која само придонесува за мир и исполнетост на човечкиот потенцијал, што всушност е нашата визија и мисија. Факт е дека одамна во нашиот главен град не сме биле сведоци на случување од ваков тип, па затоа овој хепенинг е добродојден за проширување на видиците на нашето општество, подобро запознавање со странски култури, едукација и пред се, бар на миг, излегување од монотоното секојдневие“, посочуваат од АИЕСЕК.