Глобален студентски натпревар во шкртање

Во текот на мај и јуни, студентите од Македонија ќе се натпреваруваат во шкртање, а победникот на натпреварот ќе ја претставува нашата земја на светската изложба на Red Bull Doodle Art во Кејптаун, Јужна Африка.

Глобален студентски натпревар во шкртање

Креативниот натпревар се враќа во 2014, но овој пат го крева ќе „шкртаат“ студенти од 40 држави. Натпреварот за прв пат во својата историја ќе кулминира со глобална изложба, на која најдобрите од целиот свет ќе имаат можност да ги претстават своите цртежи.

„За да учествуваш, земи гo пенкалото, ослободи го умот и нашкртај нешто, а потоа прикачи го твоето уметничко дело на www.redbulldoodleart.com во online галеријата. Сите кои сакаат да учествуваат, можат да се пријават најдоцна до 29ти мај, на полноќ, а потоа следи гласањетокое ќе започне на 30ти мај во 12:00 часот, а ќе трае до 3ти јуни, на полноќ. Дваесетте финалисти, чии цртежи ќе добијат најмногу “лајкови”, ќе учествуваат на изложбата“, информираат организаторите.

Годинава изложбата ќе биде организирана во Градскиот парк, во состав на Skopje Street Festival. Жирито, составено од модната блогерка Јована Зука, графичкиот илустратор Ind.o.g и втората половина од Ани и Дими – фотографот Димитар Петровски, на 7 јуни ќе ја додели титулата за најдобар шрктач. Вредни Apple награди ќе добијат и второ и трето пласираниот цртеж.