„Global Game Jam 2020“ во Скопје, Битола и Охрид

Од 31 јануари – 2 февруари (петок до недела) во Скопје, Битола и Охрид ќе се одржува „Global Game Jam“.

Се работи за најголемиот светски настан за креирање на игри кој се одржува еднаш годишно, истовремено на повеќе локации низ целиот свет во вид на 48-часовен маратон. Во 2019 година на „Global Game Jam“ се сретнаа 47.000 џемери, се одржа на 860 локации во 113 земји и беа создадени 9000 игри.

„Сите Вие кои сакате да креирате игри и знаете да цртате, моделирате, компонирате, програмирате, дизајнирате, мудрувате и продуцирате, па дури и само сакате игри, Вие сте за тука! Нема потреба да имате тим. Дојдете и тука ќе соберете дружина за квестот наречен GGJM20!“, стои во најавата за настанот, за кој веќе имаше задолжително пријавување.

Според организаторот „МАГДА“, Македонија го започна своето учество во 2013 година, а на него досега се сретнаа скоро 1.700 учесници – професионалци, студенти, средношколци и ентузијасти од различни сфери за заедно да креираат игри, разменуваат знаење и остваруваат контакти.

„До сега се создадени 162 видео игрa во прототип, од кои некои продолжија да се развиваат во комерцијални продукти“, велат организаторите.

„Global Game Jam Македонија 2020“ очекува да има преку 350 учесници на локациите во Скопје, Битола и Охрид. Односно, да да продефилира публика од неколку илјади луѓе за време на отварањето и затварањето, како и во текот на настанот.

„Профили кои ќе се сретнат на GGJM20 се: Девелопери, 2Д и 3Д артисти, саунд дисајнери, продуценти и гејм дизајнери, експерти за монетизација. Високо мотивирани, трендсетери и идни лидери во IT индустријата. Гејм девелопмент ентузијасти од сите возрасти. Просечната возраст на нашите учесници е 25 години“, се вели во соопштението за 48-часовниот настан.

Агенда за скопскиот гејмџем: