Главната советничка за здравство на Шкотска поднесе оставка откако не си ги почитуваше сопствените совети

Главната советничка за здравство на Шкотска поднесе оставка откако беше фатена како не ги почитува правилата за изолација за превенција од коронавирусот, пишува ,,Еуроњуз”.

Кетрин Калдервуд рече дека „длабоко жали“ за нејзините „грешки“ и дека со оставката се надева дека нејзините постапки нема да ги попречат тековните упатства за безбедност.

Во синоќешната изјава, таа додаде:

„Најважната работа за мене сега и во текот на следните неколку многу тешки месеци е луѓето ширум Шкотска да знаат што треба да сторат за да го намалат ширењето на овој вирус и тоа значи дека мора да имаат целосна доверба во оние што им даваат совети.

Со тешко срце давам оставка како главен медицински директор. Ќе работам со мојот тим во текот на следните неколку дена за да се обезбеди непречена транзиција кон мојот наследник“.

Нејзината оставка доаѓа откако медиуми објавија фотографии на кои се гледа како Калдервуд го посетува нејзиниот втор дом во текот на викендот – што ги крши националните упатства да се патува само доколку е апсолутно неопходно за време на пандемијата.

Подоцна, таа изјави дека добила пораки од луѓе на социјалните медиуми кои ги критикувале нејзините постапки и ја нарекоа „лицемер“.

„Денес видов многу коментари од членовите на јавноста на Твитер, луѓето ме нарекуваат лицемери”, вели таа.

„Луѓето ми кажаа дека сум неодговорна, дека сум се однесувала како мојот совет да не важи за мене”, додаде Калдервуд.