„Гласно сокаче – Будно чикмаче“ – Уредување јавен простор, работилница и друштвени игри во Битола

Два дена во кои ќе се уредува јавен простор, ќе се играат друштвени игри и ќе се одржат интерактивни работилници ќе се одржат во Битола на 19 и 20 октомври, во рамките на кампањата против гласини: „Гласно сокаче  – Будно чимаче“.

Кампањата ја организира Здружението за граѓански активизам Форум 16 од Битола, а целта е преку неформални и интернативни методи за работа да се едуцира целната група за улогата што ќе ја имаат како идни агенти против гласини.

Со овие активности е предвидено:

  • На 19 октомври од 10 до 17 часот – уредување на јавен простор позади Пелагонка 1, односно на крстосницата на улиците „Васа Пелагиќ“ и „Благојче Силјановски“;
  • На 20 октомври од 11 до 14 часот – интерактивни рабтилници и играње на друштевни игри на горенаведената локација.

Работилниците се дел од програмските актиности на Форум 16 за промоција на човековите права на креативен начин, а менторски поддржани од страна на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) – Мисијата во Скопје.

За да се одговори на прашањата како да се идентификуваат најчестите стереотипи и како да се подигне разбирањето на јавноста за последиците од креирање стереотипи, ОБСЕ – Мисијата во Скопје формира работна група со организации за граѓанско општество за да креираат мрежа против гласини со цел да се разнишаат длабоко вкоренетите стереотипи во општеството. Форум 16 е една од организациите во оваа работна група, а идентификацијата на стереотипите во Битола се спроведе минатата година. Врз основа на добиените резултати се формира тим, агенти за промена или агенти против гласини, кој ги планираше активностите кои ќе се реализираат на 19 и 20 октомври 2018 година.