Жителите на општина Босилово денеска на референдум гласаат дали се за или против отворање на рудникот за бакар и злато Иловица.
На референдумското гласачко ливче поставени се две прашања – дали сте за „за“ или „против“ отворање на рудникот за бакар и злато – Иловица, и другото, дали сте „за“ или „против“ отворање и ископ на метали или металична руда.
На избирачкиот список запишани се 12.301 гласач, а за успех на референдумот потребно е да излезат 6.151 (50% +1) на 19 избирачки места.
Потврда дека избирачките места навремено се отворени од 7 часот наутро веќе дојде од ЦИВИЛ – Центар за слобода, кој денеска е на терен со два миниторинг тима и ќе ја известуваат јавноста за текот на референдумскиот ден.
Инаку, ова е петти референдум во југоистокот од земјава, откако успешни беа во Гевгелија Богданци и Дојран, додека во Валандово не беше исполнет законскиот цензус. Жителите на Општина Ново Село на референсумското прашање за или против рудници ќе се изјаснуваат на 17 септември.