Гласачките закони во САД ќе спречат 34000 транс лица да гласаат во вторник

Строгите закони за идентификација при гласање во Соединетите Американски Држави ќе ја спречат трансполовата заедница да гласа на овогодинешните избори, јавуваат организациите за заштита на граѓанските права.

Според нов извештај од Институтот Вилијамс, речиси 34000 трансполови гласачи кои живеат во осум американски држави со строги правила за идентификација при гласање, нема да можат да гласаат.

Извештајот нагласува дека „триесет проценти од трансполовите лица кои имаат право на глас во овие држави немаат идентификација или податоци кои точно го прикажуваат нивниот избран пол“.

Шон Јанг, адвокат од Американската унија за граѓански праа, ели дека САД има долга историја на обиди за опресија на гласачките права на Афро-американската заедница, а сега и на другите маргинализирани заедници.

„Откако на црнците им беше дадено правото да гласаат после Граѓанската војна, Афро-американците се борат да ја користат својата политичка моќ. Владите одговорија преку поголемо отежнување“, објаснува Јанг. Но, додава и дека овие закони сега имаат огромен ефект на трансполовата популација.

Според Националната конференција за државни легислативи, има 34 држави со постоечки закони за идентификација при гласање. Осум од тие држави (Алабама, Џорџија, Индијана, Канзас, Мисисипи, Тенеси, Вирџинија и Висконсин), имаат закони кои се сметаат за „строги“. Односно, овие држави бараат од секој гласач да покаже фотографија издадена од владата за идентификација на луѓето кои вршат надзор за време на гласањето. Како резултат а тоа, во тие држави не гласаат маргинализираните групи.

За сиромашните, црнците или транс лицата, процесот на добивање на владина идентификација е особено тежок. Освен транспортот и бариерите поврзани со невработеноста, самиот процес може да биде тежок за многу лица, а и недостапен за оние кои немаат интернет или се необразовани, вели Јанг.

„Да присилиш личност со ниски или никакви примања да навигира низ неколку слоеви на неверојатно фрустрирачка бирократија само за да го оствариш правото на глас, е навредливо за нашата демократија“, потврдува.

За транс лицата овој процес е уште покомплициран.

„Ако трансполово лице не личи на фотографијата која е на документот за идентификација, ќе треба прво да побара неговиот пол да биде официјално признаен од владата, што е многу комплицирано“, вели Јанг.

Додава дека транс луѓето во Америка веќе се соочуваат со трансфобија, а тоа не е бариера со која треба да се соочуваат и кога го спроведуваат своето право на гласање.