Гласачите од Северна Кореја немаат голем избор за локалните избори

Северна Кореја организираше локални избори за да се потврди изборот на провинциските гувернери на кои имаше излезност од високи 99,97 отсто од населението.  Гласачите сепак не заокружуваа кандидати на гласачките ливчиња, туку само ги става во гласачката кутија за да дадат поддршка за одобрување на кандидатите. По само еден кандидат беше предложен од секоја изборна единица, јавуваат светските медиуми.

Излезноста од речиси 100% на изборите во Северна Кореја е вообичаена, откако гласањето стана задолжително за сите жители на државата кои имаат наполнето 17 години, а самиот чин на негласање се смета за акт на предавство.

Набљудувачите велат дека гласањата се користат како неформален попис што им дозволува на властите да се осигураат дека граѓаните се таму каде што би требало бидат и да ги идентификуваат „дезертерите“.

Според официјалните податоци од гласањето за време на викендот, само 0,07% од населението избегнало да гласа.

Северна Кореја има население од 24.900.000 луѓе. Податоци за колкав процент од населението на Северна Кореја има право да гласа не се достапни. Сепак, според  CIA World Factbook  21,5% од населението е под 15 години, а уште 16,3% се на возраст помеѓу 15 и 24 години. Оттука, околу 18,8 милиони лица во Северна Кореја би требало да имаат право на глас.