„Гитаријада 2020“ денес во Куманово

Art Attack за денеска (10 октомври) од 19 часот го најавува второто возобновено изадaние на кумановска гитаријада „Гитаријада Куманово 2020“.

Организаторот го карактеризира како настан врежан во трајната меморија на кумановчани, како една од ретките можности на кои што младите бендови имале можност да го презентираат нивниот звук.

Сепак, поради ситуацијата со COVID-19 оваа година гитаријадата ќе биде од ревијален карактер.

За гитаријадата се најавени настапи на Corpus, Муње и Громови, Рубин, Лектира, Misanthrope, Desert cult, Кумановски рок ветерани и Д.Н.О.

„На 10 октомври на паркингот пред градски базен Куманово ќе имаме можност да ги проследиме настапите на минатогодишните победници како и досегашните учесници кои оставија траен белег во кумановската рок историја“, стои во најавата за „Гитаријада Куманово 2020“.