„Gin Tub“ – кафуле заградено со бакар за да ги спречи гостите да зјапаат во мобилните телефони

Сабота навечер е во крајбрежната населба Брајтон и Хоув, позната по ноќниот живот кој ги привлекува студентите. Во моментот „врие“ од народ, а јас сум меѓу 50-тина луѓе „згужвани“ во слабо осветлен бар кој воведе забрана. Но, не е алкохолот укинат од менито, туку технологијата.

Во публицистички трик кој достигна медиумска покриеност за која маркетинг директорите са,п сонуваат, „Gin Tub“, во шопинг областа Хоув во градот Сасекс, ги наполни сите насловни страници бидејќи ги опколи своите ѕидови со сребрена фолија, а покривот со јаглен за да создаде Фарадеев кафез, кој блокира секаков мобилен сигнал.

На секоја маса има лажен телефон на вртење кој муштериите го користат да нарачаат храна и пијалак, но и да се јават на туѓинците на другите маси. Инсталирана е и приземјена линија за итни случаи.

Стив Тејлор, сопственик на локалот, за ВВС изјавил дека се надева дека ќе ги охрабри муштериите да „се социјализираат со луѓето со кои се, а не со оние кои не се со нив“. Тимот на „Gin Tub“ и нивниот добро снабден бар со „социјални лубриканти“ кои ги служат по девет фунти, дебатира за присутноста на смартфоните и таблетите. Последниот бран на грижа доаѓа после анкета направена на 2025 возрасни и 500 тинејџери, која откри дека 59 проценти од луѓето веруваат дека се зависни од нивните уреди, а четири од 10 возрасни сметаат дека редовно се игнорирани од пријател или роднина кој користи паметен телефон или таблет.

Како дел од милениумската генерација, која е прва која пораснала со интернетот, понекогаш ми се чини дека сум дел од принуден социјален експеримент во кој се тестира колку длабоко ќе ме поремети технлогијата. Го поминувам речиси секој буден момент со мојот телефон. Знам дека е далеку од тоа дека го користам само како будилник, мапа, камера, енциклопедија и градски водич на секојдневна база. Сега сум толку во такт со мојот телефон, што можам да забележам како во аголот на моето око се појавуваат нотификации, како таен агент кој никогаш не го спушта гардот.

Единствено место каде не го носам мобилниот е бањата, бидејќи, не дај боже, пареата може да ги оштети неговите скапоцени делови. Како јас и мојата подеднакво зависна од технологија пријателка, со која го поминав утрото позирајќи за селфија, ќе преживееме во „Gin Tub“?

„Нема Wi-Fi!!! Нема сигнал!!! Само добро, старовремено муабетење“, напишано е со креда на знакот пред барот. Ентузијастичниот сопственик не воведува внатре. Мали групи се собрани околу дрвени маси кои одговараат на рустикалниот декор, додека другите се поделени во барови на високи маси и сепареа. Има пригоден шум од разговори. Сопственикот го објаснува телефонскиот систем, не предупредува дека се на менито е во двојни порции и не носи на висока маса на која веќе седи група жени од околу 50 години. За неколку минути, со задоволство прифаќаме да се напиеме од нивниот џин во бокал, додека вртиме на нула за да нарачаме од шанкот.

Келнер ги носи нашите пијачки и откако пиеме неколку голтки, правиме фотографии за да ги објавиме на Инстаграм подоцна (старите навики тешко умираат).

Бидејќи немаме сигнал, другарка ми и јас се губиме во разговор. Дали уживавме повеќе од обично? Не. Но, нашата вообичаена интеракција е дефинитивно помалку фокусирана на нашите телефони. Не си ги покажуваме една на друга нашите омилени профили на Инстаграм, не споделуваме „мемиња“ кои не насмеале таа недела, ниту пак пребаруваме факти на сред разговор. А тоа, признавам, е многу пријатно.

Целата репортажа на Кашмира Гандер е објавена на Independent