Гимназијата „Јосип Броз-Тито” најде решение за мобилните телефони на учениците

Скопската гимназија „Јосип Броз – Тито“ на практичен начин годинава го реши проблемот со носењето мобилни телефони на час, објави Факултети.мк.

Отсега, пред почетокот на часот учениците мора да ги остават мобилните на платно со џебови поставено во секоја училница. Од гимназијата дополнуваат дека на секое џепче ќе биде впишан редниот број од дневник  на ученикот, за да се знае чиј телефон се наоѓа во него.

Користењето на телефоните во гимназијата за време на час е забрането, а за учениците следи опомена ако не се придржуваат на правилата, пишува Факултети.мк.