Гиф портрети ги отсликуваат секојдневните фрустрации

Францускиот уметник Франсоа Бурен, кој обично работи на цртежи, скулптури, колажи и фотографија, реши последниот проект да го направи со гифови. Насловен како „Повторно понеделник наутро“, проектот е многу личен, и ги отсликува секојдневните различни расположенија, што тој ги има кога се враќа на работа во Париз, откако го пропатувал светот.

Гифовите на Бурен имаат силно влијание од неговата фотографија, но претставува и минималистички дигитален колаж. Тој, исто така, додава мала доза на апсурдност и хумор во нив.

„Почнав да работам со гифови пред две години, додека живеев во Либерија“, вели овој уметник.

„Случајно започнав да правам гифови, но открив дека се навистина моќна алатка за да се опише Либерија – држава која често медиумите ја критикуваат поради децата-војници и еболата – на позитивен, смешен и поетски начин“, вели тој.

„Оттогаш не престанав да правам гифови, но на поинакви начини“, додава Бурен. „Секогаш се обидувам со нови начини да го истражувам потенцијалот на гифовите“.

Во продолжение, погледнете дел од нив: