Германско училиште заработи тужба за авторски права поради грешка на ученик

Корисниците кои објавуваат содржина достапна на интернет мора да добијат дозвола од личноста која е автор на таа содржина, објави Судот на правдата на Европската Унија.

Регулаторите наведуваат дека незаконските објави на големите платформи како Јутјуб и Дејлимоушн ги ускратуваат правата на заработка на уметниците и издавачите.

Одлуката на Европскиот суд на правдата следи откако средношколец во Германија симнал фотографија од Кордоба од интернет страницата на патничка агенција за да илустрира презентација која потоа е објавена на интернет страницата на училиштето.

Фотографот Дирк Ренкоф го тужел градот Валтроп поради кршење на интелектуалното сопствеништво и побарал оштета од 400 евра.

„Објавувањето на фотографија на интернет која претходно била достапна на друга интернет страница со дозвола од авторот, бара авторизација од истиот автор“, се вели во одлуката.

„Со објавување на интернет, фотографијата станала достапна за нова публика“, смета судот.

Пресудата би можела да резултира со серија парници во кои уметниците би ги штителе своите права, рече консултантот Нилс Рауер.

„Идејата е ние како друштво мораме да го почитуваме и заштитиме интелектуалното сопствеништво, Намерата на Европската комисија, Европскиот парламент и судот е токму тоа“, изјави тој.