Германски научници развија 3Д испринтана камера помала од зрно сол

Научници од Универзитетот во германскиот град Штутгарт развија микрокамера, која е толку мала што може да се вбризга со шприц.

Новата камера може да се користи за истражување на делови на телото во кои камерите порано немале пристап, како и за надзор на уреди и машини.

Камерата има три леќи произведени со 3Д печатач и е широка само 0,12 милиметри, односно нешто помала од зрно сол.

Тимот научници веруваат дека 3Д печатачите се иднина на производството, бидејќи постоечката технологија не може да произведе доволно мали леќи, кои би можеле да се користат во медицината.

Минијатурната камера може да фокусира објекти на оддалеченост од 3 милиметри. Тоа значи дека може да ја фотографира внатрешноста на човечките органи, па дури и на мозокот.

Камерата ќе може да се користи и на отворено, на дронови, системи за осветлување и на роботи.