Германски детски филмови на „БУФ“ 2014

Кинотека на Македонија во соработка со Гете-институтот во Скопје и годинава го организира Фестивалот за слика и филм 2014 „БУФ“ во чии рамки ќе бидат прикажани пет филмови од поновата германска филмска продукција.

Германски детски филмови на „БУФ“ 2014

Филмовите се наменети за младата публика и токму затоа ќе бидат прикажани во два термина, од 12 часот на пладне и од 20:00 односно 18.00 часот навечер.

Денеска во 12.00 и во 20.00 ќе биде прикажан германскиот филм „Куќата на крокодилите“ во режија на Сирил Бос и Филип Штенерт.

„БУФ“ продолжува утре во истите термини со филмот „Точкичка и Антон“ на Каролине Линк и задутре со „Големиот сон“ на Себастијан Гроблер.

На 22 мај ќе биде прикажан филмот „Летечката училница“ на режисерот Томи Виганд, а во петок Чудото од Берн на Зенке Вортман.

Сите филмови ќе бидат прикажани во оригинал со превод на македонски јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски, соопшти Кинотеката на Македонија.