Водичот за однесување на базен критикуван како дискриминација кон бегалците

Водичот за однесување на бегалците на јавни базени кој што предизвика остра полемика во јавноста е направен пред бегалската криза во 2013 година, објави претставник на градот Минхен, објавија европските медиуми.

Брошурата на која што се дава упатство како да се однесуваат посетителите на јавни места каде што има жени облечени во костими за капење не била направена за бегалците туку за сите граѓани кои што се однесуваат нападно и агресивно, тврдат локалните власти во Минхен откако беа обвинети со неа ги дискриминираат бегалците. Портпаролката на Минхен вели дека забраната била поставена во 18 јавни базени во градот.

„Главното правило за почитувањето на жените – без оглед на тоа каква облека носат – за жал, не се почитува од страна на сите наши пливачи. Тое е причината за експлицитноста“, изјави портпаролката.

Забраната која се смета дека беше донесена поради сексуалните напади во Келн и други германски градови за Нова година од страна на мигранти со арапско и блискоисточно потекло беше повлечена откако беше критикувана од граѓани и организации како дискриминаторска кон бегалците.

Канцеларот Ангела Меркел е под зголемен притисок да се намали бројот на бегалци достигна Германија и  кај гласачите се зголемува двоумењето дека државата ќе може да се справи со кризата,изјави нејзиниот сојузник и министер за финансии Волфганг Шојбле.

Во говорот на панел дискусија во Дизелдорф, Шојбле изјави дека “очигледно”притисокот врз Меркел за бегалската криза сега е поголем отколку што беше пред осум месеци.