Германска фирма донира машини за шиење на Технолошко-металуршкиот факултет

Германското сојузно министерство за економска и развојна соработка од Бон, и фирмата Киблер од Плидерхаузен, Германија ќе му остават на располагање на универзитетот во Скопје единаесет модерни индустриски машини за шиење.

Германска фирма донира машини за шиење на Технолошко-металуршкиот факултет

Фирмата Киблер од Плидерхаузен од Германија, со цел поддршка и унапредување на образованието на студентскиот подмладок во конфекциската индустрија, во присуство на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, на Технолошко-металуршкиот факултет, во одделот за конфекциска техника на универзитетот во Скопје, ќе му подари единаесет индустриски машини за шиење и додатен прибор, во вредност од 7500 евра, во вид на донација. Фирмата Киблер и претходно на универзитетот му подари материјали за шиење во вредност од 5000 евра.

Соработката се остварува во рамките на двегодишен проект со јавно приватно партнерство, помеѓу фирмата Босут од Куманово, фирмата Киблер, Сојузното министерство за економска соработка, со цел квалификување и воведување на нови производствени методи за зголемување на конкурентноста на македонската конфекциска индустрија. Германските партнери заедно со Текстилното трговско здружение на Македонија (ТТА) одржаа пет семинари за целокупната македонска конфекциска индустрија, и ја реорганизираа фирмата Босут со резултат од 20 процентно зголемување на продуктивноста.

Трите проектни партнери интензивно соработуваат со професорите на универзитетот во Скопје.

Преку проектот се реорганизираа и обучуваа и други македонски фирми, при што македонската конфекциска индустрија преку подобро квалификуван персонал и реорганизираните претпријатија сега е во состојба, да го зголеми квалитетот на своите производи и да ја зголеми продуктивноста, со што значително се зголемуваат можностите за пристап на македонската текстилна индустрија на важните европски пазари.

Извор: Фактор