Германски град прифати семафори со видеоигра за луѓе од двете страни на улицата

Во 2012, тројца студенти на интерактивен дизајн од универзитетот HAWK го претставија концептот StreetPong – интерактивна игра за семафор, базирана на легендарната Pong, која дозволува да играте со противници кои се наоѓаат од другата страна на улицата. Откако студентите Amelie Künzler, Sandro Angel и Holger Michel постигнале голем успех на интернет со своето видео, за нивниот концепт се заинтересирале властите во германскиот град Хилдесхајм.

Германија: семафор со видеоигра за луѓе од двете страни на улицата

Пред две недели, во градот официјално се инсталирани првите семафори со ваква опција,  а играта е ребрендирана во ActiWait, име кое алудира на „активно чекање“ да се запали зеленото светло на семафорите. Една од причините поради кои градската власт се решила на овој потег, е да ги обесхрабри пешаците да поминуваат преку улиците прерано и со тоа да го загрозуваат сообраќајот.