Германија до 2030 ќе ги забрани возилата на фосилни горива

За 14 години во Германија нема да се вози на бензин или дизел. Оваа забрана станува поизвесна откако Бундесратот, законодавното тело на сите германски покраини, го прифати предлогот, според кој во 2030 година ќе биде забранета продажба на сите нови возила кои користат некои од фосилните горива, пренесува Шпигел.

За 14 години во Германија, доколку се имплементира овој предлог, ќе биде можно да се купи само електричен или хибриден автомобил со погон на водород.

Бундесратот дополнително предложува таква уредба да се донесе и на ниво на Европска Унија, па предложува даночни олеснувања за побрзо преоѓање на електрични возила.

Германија, која е еден од потписниците на глобалниот Парискиот еколошки договор, има цел до 2050 година да ја намали емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата до 95%. За остварување на таа цел потребна е и навремена комплетна замена на автомобилите, кои се меѓу најголемите загадувачи.