Герила акција во Струга – Лебедите протестираат „Нема трска, нема мир!“

Пластични лебеди што пловат со транспаренти на кои пишува „Сакаме езеро“, „Имаме право на живот“, „Нема трска, нема мир!“ денеска можеа да ги видат жителите на Струга.

Се работи за активистичка акција која алармира на опасноста за уништување на еколошката целина на Охридското езеро и околината.

Еколозите и невладините веќе со месеци предупредуваат дека мегаломанските планови на Владата за урбанизација на брегот на Охридското езеро и на Националниот парк Галичица ќе предизвикаат уништување на животната средина и неповратни негативни последици врз биолошката разновидност на езерото.

Охридското езеро и градот Охрид имаат статус на Светско културно и природно наследство во УНЕСКО, а Националниот парк Галичица е дел од светската мрежа на биосферни резрвати.ѓ