Герила акција на велешката „Питијада“

Велешки активисти синоќа направиле герила акција на градската манифестација „Питијада“, поставувајќи големо платно со натпис „Затвор за фамилијата“, на зградата до сцената.

Културно – забавната манифестација за промовирање и презентација на питата карактеристична за Велес, оваа година се одржува по 13-ти пат.