Geofilters – нова алатка на Snapchat

Snapchat од денеска ја направи достапна алатката Geofilters која ќе им овозможи на корисниците да создадат филтер за одредена локација што ќе им се појавува само кога тие ќе се на конкретната локација.

Geofilters дебитираше во јули оваа година, но беше достапен само за програмерите кои работеа на него. Од денеска, оваа опција на Snapchat е достапна за пошироката јавност. Но, се уште не се знае дали за оваа услуга ќе се наплаќа.

Snapchat нуди повеќе видови на филтри за фотографии вклучувајќи ја опцијата за црно и бело, време, брзина итн. Откако апликацијата започна со функционирање во мај 2011 година, таа има остварено приход од 163 милиони долари.